НЕМА НАЈАВА КОГА ЌЕ СЕ ОДРЖИ СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА

Во Собранието се уште нема најава кога ќе се одржи седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, јавува Вечер

Извесно е дека седница мора да има до недела, 15 септември, кога истекува рокот за нејзино разрешување. Нема ниту средба на работните групи за законот за јавно обвинителство.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека се уште нема информација кога ќе биде закажана седницата.