(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ТУРСКО МААЛО ВО СТРУМИЦА ОТКАКО ГРАЃАНИ ПОБАРАЛЕ ДА СЕ ИЗМЕРИ ЈАЧИНАТА НА ЗВУКОТ ОД ЏАМИЈАТА

Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата.

Вчера околу 20.23 часот во Струмица, полицијата заедно со инспекторатот за животна средина имале заедничко дејствување во турското маало во Струмица откако претходно до Општина Струмица од стотици граѓани била покренета петиција против гласното пеење на оџата од џамијата, пренесува Струмица денес.

Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата.

Од СВР Струмица за Струмица Денес изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која вечерва покажала дека е поголема од дозволената. Како што велат очевидци за портал Струмица Денес дошло до инцидент бидејќи дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“.