Работилница за бугарски везови ќе се одржи во Амбасадата на Бугарија во Токио
На 18 јануари 2026 година во Амбасадата на Бугарија во Токио ќе се одржи работилница за везење бугарски везови со наслов „Да ја фатиме иглата“, соопшти дипломатското претставништво, пренесува БТА.
„Работилницата е организирана и ќе ја води Ирен Јамами“, информираат од Амбасадата. Настанот ќе започне во 13:00 часот по локално време во салата на амбасадата.
Програмата ќе вклучува теоретски дел со демонстрација на традиционални бодови, како и практична сесија во која учесниците ќе можат самостојно да везат.
Пријавувањето е отворено до 17 јануари преку регистрациска форма.
Ирен Величкова – Јамами живее во Јапонија повеќе од 30 години и е истражувач на бугарските везови. Таа е автор на книгите „Архаични симболи во везот“ и „Бугарија во везови“, преведени на три јазици, и на рачно извезена карта на Бугарија со 144 регионални везови.

