Борисов: Зборував со Орбан, Унгарија ќе ја поддржи Бугарија за Шенген
Утрово повторно разговарав со мојот пријател и колега Виктор Орбан. Го информирав дека вчера Народното собрание конечно ја укина таксата за пренос на гас. На крајот на неделата одлуката ќе биде објавена и во Службен весник. Ова го напиша лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на својот личен Фејсбук профил, јавува БГНЕС.
Унгарскиот премиер и јас дојдовме до заклучок дека сите прашања во нашите билатерални односи се решени и дека Унгарија ќе продолжи категорично да ја поддржува Бугарија на нејзиниот пат кон Шенген.
Партнерството меѓу нашите два народа отсекогаш било водечки принцип во односите меѓу Бугарија и Унгарија. Орбан и јас си дадовме јасни гаранции дека и во иднина ќе продолжиме да соработуваме во услови на дијалог за сите теми од агендата на ЕУ, напиша уште лидерот на ГЕРБ.