Бугарски доброволци на заедничка вежба во Македонија: Поддршката од државата има главна улога во развојот на друштвата

/

Знаење и вештини имаат како и нивните колеги од поголемите држави, но не и опрема. Ова е еден од главните проблеми со кој се соочуваат македонските пожарникари доброволци кога излегуваат да гаснат пожари. Во Југоистокот на државата постојат две доброволни пожарникарски друштва, Дојран и Конче. Делуваат во различни региони но делат исти проблеми. И двете на терен работат со застарена опрема добиена пред се од странски донации, пишува Сител.

Во соседството состојбата е многу поинаква. Бугарија на пример има над 240 противпожарни друштва со преку 3200 доброволци. Сите тие освен опрема добиваат и сериозна финансиска поддршка од државата.

„За добар развој на нашите доброволни друштва главна улога има државата. Нашата држава финансиски ја поддржува оваа дејност, обезбедува средства на прво место за осигурување на доброволците, за обука, но и за заштитна опрема. Исто така обезбедува и финансиски надоместок како еден вид награда. Сето тоа е правно регулирано бидејќи имаме прописи за таа дејност. Вашите доброволци се многу добро подготвени, но на ниво на држава има што и да надоградувате“, рече Пламен Тодоров, Пожарна безопасност и заштита на населението во Бугарија.

Пожарникарите од Југоистокот и од Бугарија нивните знаења и искуства ги разменија на заеднички вежби кои се одржуваат во Струмичко. Целта е подобрување на капацитетите во случај на заеднички интервенции, но и да се поттикне доброволното пожарникарство во земјата. Вежбите се дел од проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ што го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.



Претходна статија

Рашковски поднесе кривични пријави против Русковска и Трајчева

Следна статија

Веќе 40 години Националниот парк-музеј Самоилова тврдина кај Петрич, ги запознава посетителите со настани од пред 1000 години

Најново од Вести