| |

Здружението „Бисерни бранови“ со реакција по одлуката на судот во Охрид за случајот Пендиков: Правда за Христијан, почит за човековите права

Здружението „Бисерни бранови“ од Охрид реагираше по денешната одлука на Основниот суд во Охрид да ги ослободи од обвинение претепувачите на Христијан Пендиков. Од здружението велат дека оваа одлука „отвора сериозни прашања за довербата во правосудството и за заштитата на човековото достоинство“.

„Денешната одлука на Основниот суд во Охрид, со која двајцата обвинети за нападот врз Христијан Пендиков се ослободени од обвинението, отвора сериозни прашања за довербата во правосудството и за заштитата на човековото достоинство.

На 19 јануари 2023 година, Пендиков беше нападнат и тешко повреден. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради наводите дека нападот бил поврзан со неговото бугарско самоопределување. Денешната одлука е тежок удар за сите што очекуваат правдата да биде еднаква за секого.

Никој не смее да биде нападнат, заплашуван или понижуван поради тоа како се самоопределува.

Бараме транспарентност, целосно образложена одлука и институциите да постапат согласно законот. Правдата не смее да зависи од нечие име, потекло или национална самоидентификација.

Не бараме привилегии. Бараме право, правда и еднаквост пред законот.

ПРАВДА ЗА ХРИСТИЈАН ПЕНДИКОВ!

ПОЧИТ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА!“, стои во реакцијата на „Бисерни бранови“ од Охрид.

Слични Објави