|

Софискиот аеродром во следните пет години ќе воведува нови дигитални апликации

Во следните пет години на аеродромот „Васил Левски“ – Софија ќе бидат воведени повеќе апликации за подобрување на патничкото искуство и зголемување на ефикасноста, изјави извршниот директор на „СОФ Конект“, Хесус Кабаљеро, на кариерниот форум „Кошер“ во Софија, јавува БТА.

„СОФ Конект“ втора година по ред учествува на форумот со иницијативата Sofia AirCareer Port, преку која се претставуваат можностите за кариера и професионален развој во воздухопловната индустрија.

Кабаљеро истакна дека иновациите, вештачката интелигенција и автоматизацијата ќе имаат значајна улога во развојот на секторот. Компанијата соработува со меѓународни и бугарски технолошки компании, меѓу кои „Амазон“, SITA и A1, како и со стартапи.

Во Sofia AirCareer Port годинава учествуваат „СОФ Конект“, Lufthansa Technik, Aviapartner, бугарското Државно претпријатие за управување со воздушниот сообраќај BULATSA и Latecoere. Фокусот е ставен на приспособливоста како клучна вештина во услови на брз развој на вештачката интелигенција и новите технологии.

На форумот е претставен и LEGO-модел на идниот Терминал 3 на софискиот аеродром, составен од околу 10.000 делови. За неговото планирање, изработка и склопување биле потребни околу 125 часа.



Слични Објави