Млад човек се спасил од фестивалoт на смртта во Израел: Се чувствував како животно што го ловат
Џилад Карплус за „Би-Би-Си“ го раскажа своето искуство на фестивалот „Супернова“ во пустината во јужен Израел, кој беше нападнат од милитантите на Хамас.
„Имаше ракети, па почнаа да пукаат. Доаѓаше од различни страни и стануваше се погласно и погласно“, се присетува.
„Видов како луѓето се движат. Кога го видовме тоа, само скокнавме во џипот и се возевме во полињата“, продолжи тој. Тој рече дека во еден момент низ нивата го бркале осум вооружени лица на мотори, облечени во израелски воени униформи.
Еден истрел во автомобилот и фрагменти од куршумот поминале низ задниот дел од капата и го погодиле во главата.
„Почнав да крвавам. Не знаев каква е ситуацијата – дали имам куршум во черепот или што. Само знаев дека треба да ја држам главата колку што можам поцврсто за да не искрварам“. нагласи тој.
Гилад и неговиот пријател потоа се сокриле, надевајќи се дека некој ќе дојде да ги спаси. Гилад вчера беше на преглед во болница за да го смени завојот на раната на главата, за кој вели дека е потсетник за тоа колку среќа имал.
„Целото утро кога се случи таа ситуација се чувствував како животно што го ловат… Никогаш повеќе не сакам да бидам во таа положба“, рекол тој.
Агенцијата за спасување Зака објави дека повеќе од 260 тела биле извлечени од местото на фестивалот.