| |

Молдавија со честитка до Бугарија за приклучувањето кон еврозоната

Приклучувањето на Бугарија кон еврозоната отвора нови можности за граѓаните и за бизнисот, а Молдавија со восхит и надеж го следи овој успех, се наведува во пораката на претседателката на Молдавија, Маја Санду, упатена до властите во Софија, пренесува националната новинска агенција МОЛДПРЕС.

„Честитки до Бугарија за приклучувањето кон еврозоната денес – важен чекор што отвора нови можности за граѓаните и за бизнисот. Молдавија со восхит и надеж го следи овој успех, додека ние го следиме сопствениот европски пат. Честитки, Бугарија!“, се наведува во честитката.

Бугарија вчера официјално го прифати еврото, со што стана 21-та земја членка на еврозоната, 19 години по пристапувањето кон Европската Унија.

Слични Објави