|

Нови правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Од 12 октомври 2025 година во ЕУ стапуваат во сила нови правила за патници, кои ќе мора однапред да пополнат онлајн апликација со важност од две години. Министерството за внатрешни работи најави дека ќе ги информира граѓаните навремено за да се избегнат застои на граничните премини.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека се во постојана координација со европските партнери и дека најголем предизвик може да бидат премините кон соседните земји членки на ЕУ.

Системот за влез/излез (EEC) ќе стартува на 12 октомври 2025 година и во рок од шест месеци ќе биде имплементиран во 29 европски земји, а целосната примена се очекува од 10 април 2026 година. Што се однесува до вториот систем, ETIAS, засега не се бара акција од патниците, а точниот датум за неговото стартување ќе биде дополнително соопштен од ЕУ.



Слични Објави