ФУЕРЕ: ЗАКАНИТЕ НА БУГАРИЈА НЕ СЕ ЗА ПОДЦЕНУВАЊЕ
Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, во изјава за МИА дадена по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Република Македонија, вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижат Европската Унија.
„Ова прашање е многу загрижувачко затоа што покажува дека некои земји членки го користат членството во ЕУ за да наметнат националистичка агенда, ова е нешто што ЕУ не смее да го потцени, ниту земјите членки ниту институциите на ЕУ, ова е многу сериозен проблем, кој сме го виделе и во минатото со Словенија и Хрватска и покажува колкава е тежината на историјата на западниот Балкан-вели Фуере.
Фуере изрази надеж дека разликите меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетските прашања нема да го попречат процесот на интеграција на Македонија.
