| |

НОВИ МЕРКИ ВО СРБИЈА – СЕ ОГРАНИЧУВА РАБОТАТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

По денешниот состанок, Кризниот штаб на Србија донесе одлука сите угостителски објекти (без разлика дали се на отворено или не) да работат до 23 часот. Контролата на усогласеност со мерките и санкциите за непочитување ќе бидат засилени.

Во споредба со претходната недела, забележан е тренд на растење и ризикот се зголемил за 19 отсто.

Според последните информации, во Србија се хоспитализирани 286 лица, а на респираторна машина се 19 пациенти.

Во последните 24 часа еден пациент е починат, а новодијагностицирани се 120 лица. Само во Белград има 57.

Од почетокот на епидемијата во Србија со коронавирус се заразени 34.072 лица, додека пак 757 се починати. Тестирани се вкупно 1.166.882 примероци.

Во установите за социјална заштита и домови за смесување на стари лица потврден е коронавирус кај 36 корисници и 11 вработени, соопштува Министерството за труд и вработување.

Епидемиологот Предраг Кон рече дека главната тема на состанокот на Кризниот штаб ќе биде епидемиолошката состојба, пред се на територијата на Белград.

Националниот здравствен советник Драгослав Поповиќ за РТС изјави дека маската ни помага да се одбраниме од вирусот, но и да ги заштитиме другите ако сме потенцијални носители на вирусот.

Слични Објави