(ФОТО) БУГАРСКИ ДЕЗЕРТЕРИ СЕ БОРЕЛЕ ПРОТИВ „БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР“ КАЈ СЕЛО КОНСКО, ГЕВГЕЛИСКО

Во Вардарскиот дел на Македонија за време на Втората светска војна дејствувал и батаљон составен од бугарски војници дезертери, кои поради своите комунистички идеали се исправиле против бугарската армија и секако нивните помагачи припадници на старото ВМРО.

loading...

Батаљонот се викал „Христо Ботев“, а негов командант бил младиот бугарски поручик Дичо Петров Таков.

Во нивна чест е поставена спомен-плоча:

Повеќе за Дичо Петров Таков можете да прочитате овде.



loading...

Како интересен пример за целата таа каша попара составена од Бугари-окупатори и како што можеме да видиме Бугари кои се бореле против окупаторите, можеме да го спомнеме стариот македонски револуционер Коце Ципушев роден во Радовиш и зет на Тодор Александров. Ципушев се враќа во Македонија во 1941 г., токму кога овде доаѓаат „клетите фашисти“.

Ципушев кој поминува 19 години во српски затвор, е пречекан како херој во Македонија во 1941 г. а во 1944 г. веќе е непожелен за новата власт и својот живот го завршува во Софија.

Стариот комита Константин Ципушев од Радовиш е окупатор, а окупаторот-дезертер Дичо Петров Таков од смољанското село Проглед (тогаш Царство Бугарија) е борец против окупаторите. Истите тие кои беа инспирација за култната пцовка „Талијани, Талијани мајку ви ебем бугарско“.