КАРАКАЧАНОВ ГИ ПРЕНЕСЕ БУГАРСКИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ КОН РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕНТАГОН
Бугарскиот министер за одбрана и потпретседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов денеска од Вашингтон ја потврди бугарската позиција за интеграцијата на земјите од Западен Балкан и поспецијално Македонија.
За време на својата посета на Пентагон, Каракачанов заедно со својот колега државниот секретар за одбрана на САД Марк Еспер ја потпиша Патната карта безбедност меѓу двете држави.
Во разговорот со Еспер, Каракачанов го истакнал доцнењето во спроведувањето од македонска страна на некои одредени ангажмани според Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што го потпишавме со Софија пред повеќе од 3 години.
Каракачанов подвлекол дека таквото доцнење создава потешкотии во развојот на односите и соработката помеѓу Бугарија и Македонија.