Утре ќе се одржи седницата на собраниската комисија за надзор на АНБ и АР
Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница, на која ќе се разгледува Предлог-заклучокот за вршење на надзор врз АНБ.
Според постигнатиот договор меѓу членовите на Комисијата, седницата ќе ја води претседателот Скендер Реџепи. За ова решение бил информиран и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа,“ изјави Гаши на денешниот брифинг со новинарите.
По завршувањето на седницата, членовите на Комисијата кои поседуваат безбедносни сертификати ќе заминат во надзорна посета на АНБ.

