| |

Учебните помагала на Фондација „Бугарска памет“, „Мојата Бугарија“ веќе се достапни на интернет

Учебното помагало по предметот историја и цивилизација „Мојата Бугарија“ реализирано со заеднички проект на Фондација „Бугарска памет“ и издавачката група „Просвета“, веќе е во големите книжарници во Бугарија, а во сајтот www.moyata.bg можат да се симнат бесплатните верзии на двете помагала, јавуваат од Фондацијата на д-р Милен Врабевски, „Бугарска памет“.

Интересните тези и истражувања застапени во двата дела на „Мојата Бугарија“ од петто до седмо одделение и осмо одделение до четврта година средно, го опфаќаат времето од праисториската епоха во бугарските земји до падот на тоталитарниот систем во Бугарија. Помагалата се дело на едни од најафторитетните бугарски историчари проф. д-р Пламен Павлов, проф д-р Пламен Митев, проф д-р Лизбет Љубенова, доц. Д-р Веселина Вачкова и доц. Д-р Даниел Вачков.

Учебното помагало за петто до седмо одделение можете да го најдете на следниот линк, додека учебното помагало од осмо одделение до четврта година можете да го симнете овде.

Слични Објави