| |

ТРИБУНА ДОЗНАВА: 12 ЗАРАЗЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Од анонимен извор во затворот КПУ Скопје, дознаваме дека 12 лица во затворот од тестираните 30, се позитивни на корона вирусот. Нашиот извор вели дека меѓу заразените има и командири. Добивме исто така и информација дека денеска на лицата кои отслужуваат казна, за прв пат им се поделени заштитни маски. Ги повикуваме надлежните институции што побрзо да се преземат мерки и да се запре ширењето на корона вирусот во затворот во Скопје.

Слични Објави