ВМРО-ДПМНЕ: 70% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО ДРЖАВАТА ЗЕМААТ ПЛАТА ПОМАЛА ОД ПРОСЕЧНАТA
„Две третини од граѓаните во државата земаат плата помала од просечната, а младинската невработеност е една од највисоките во Европа и регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде преку соопштение до медиумите ја обвинуваат власта предводена од СДСМ дека државата ги доживува најцрните денови.
Опозицијата потсетува дека нема ништо од просечната плата од 500 евра и дека над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата додека СДСМ, велат, троши по еден милион евра за реклами.
„СДСМ единствено се грижи за своите бизниси додека македонскиот граѓанин гладува. Огромни 70 % од граѓаните во државата земаат плата помала од просечната. Младинската невработеност е една од највисоките во Европа и регионот со 35% додека во некои општини во Македонија изнесува и до фрапантни 80 %. Долгорочната невработеност кај младите изнесува и до 40 % што значи дека младите во просек едвај наоѓаат работа и по три години од дипломирањето. Над 70 % од младите сакаат да се иселат од државата, соопштувааат од ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот од соопштението стои дека за надминување на ваквата состојба на, како што велат од опозицијата, неуспех и уназадување, како на економијата така и во сите сфери на општеството, СДСМ мора да си замине за обновата да почне.
