| |

ШЕКЕРИНСКА: ПОГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ОДБРАНА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави дека буџетот за одбраната во 2019 ќе изнесува 8,3 милијарди денари. Тоа е зголемување на буџетот за 2019 година за 0,24 проценти од БДП, а во однос на ребалансираниот буџет за 2018, зголемувањето е за 33,36 проценти. Приоритети на буџетот во одбранбениот сектор ќе бидат зајакнувањето на персоналот, опремувањето на АРМ согласно НАТО-стандардите и подобрување на условите за работа на припадниците на Армијата. Од септември следната година е предвидено петпроцентно покачување на платите и за вработените во АРМ и за вработените во Министерството за одбрана.

 

Слични Објави