ОРБАН ГО СПАСИЛ ГРУЕВСКИ ОД СОРОС
Во интервју за радиото „Кошут“ унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти. Орбан истакнал дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски и ќе му обезбедат праведен третман на поранешниот македонски премиер, без притоа Владата да се меша во правните процедури што ги водат надлежните орани.
