| |

ГДУ ВО ШТИП ГО ФОРМИРАШЕ ПРВИОТ ПАРТИСКИ ОГРАНОК

Граѓанско демократската унија  го формираше својот прв партиски огранок. Ширењето, партијата која за само шест месеци собра над 5.000 партиски членови, го почна од Штип:

„Ова е прв локален клуб, со што ја означуваме третата фаза од создавањето на партијата ГДУ, а тоа е формирањето на локалните и месни структури. Почнуваме од Штип, а продолжуваме во Охрид, Кавадарци, Куманово, Битола и во секое населено место во државата“, кажа  Петар Колев, прет. на ГДУ.

За многу кратко време, од локалниот огранок на Партијата најавуваат формирање на комплетната партиска структура:

„Спрема Статутот имаме доста работа пред нас. За 30 дена треба да ги структурираме сите партиски работни тела на територијата на општина Штип и Регионот“, истакна  Борче Пачемски, прет. на ГДУ – Штип.

Штип е специфичен кога во прашање е политиката . Големото политичко искуство на бројни лидери кои своите политички почетоци ги имале овде, го истенчиле политичкиот менталитет на штипјани, па од ГДУ најавуваат посебна стратегија за делувење овде:

„Штип е место од каде почнале многу големи работи, верувам дека и оваа ќе биде таква. Се надевам дека ќе добиеме поддршка од секој граѓанин за нашата програма и нашите цели. Верувам дека со заеднички сили, со единство и сплотеност ќе придонесеме многу за подобар живот“, рече Марјан Михов, потпретседател на ГДУ-Штип.

ГДУ се декларира како прогресивно – конзервативна партија т.е. реална десница, политички субјект кој е поставен на три столбови. Првиот е  индивидуалните човекови права. Вториот е слободниот пазар, односно слободната економија и третиот е реалната претставничка демократија.

Се залага за намалување на бројот на пратеници, а изборниот процес да се води преку една изборна единица и со отворени листи.

Извор: Тв Стар

 

Слични Објави