| |

ГРЧКИ ЕВРОПРАТЕНИК СО ПРАШАЊА ДО МОГЕРИНИ ЗА АЗИЛОТ НА ГРУЕВСКИ

Грчкиот европратеник од редовите на СИРИЗА, Стелиос Кулоглу достави допис со прашања до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, во врска со одобрениот азил од Унгарија за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски. Кулоглу прашува, дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат. Во својот допис европратеникот од СИРИЗА, потенцира дека владеењето на правото е фундаментална вредност и за земјите членки и за земјите кандидати за членство.

 

Слични Објави