| |

АНАЛИЗА НА ФАКТОР: ЗА БРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НАЈДОБАР ИЗБОР Е ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ОДГОВОРНО РУДАРСТВО

Можат ли земјоделството и рударството да коегзистираат е дебата која во изминатите две години се распламти. Се развија две спротивставени страни и излегоа ставови дека нашата земја мора да направи остар избор помеѓу двете, и тоа по секоја цена. Но, дали Македонија треба и мора да плата таква цена – одговорот го побаравме со следнава анализа. Истражувајќи ја МАКстат дата базата на Заводот за Статистика, бројките од Централниот регистар и ревидирани истражувања од Светска Банка, ММФ и PwC добивме по-комплетна слика за тоа што значат земјоделството и рударството за македонската економија. Таа слика фактички докажа нешто сосема различно од митовите, потенцијалните скриени агенди и неодговорно презентираните некомплетните анализи кои ја инфицираа и јавната дебата. Главниот или вистински факт е дека двете гранки се од стратешка важност и нема реална причина да не ко-егзистираат на начин кој е основан на наука и модерна пракса за корист на сите.

Статистички факти и економска ефикасност: Земјоделството ангажира околу 120,000 луѓе (вклучувајќи нередовно, за просечна нето месечна заработка од 290 евра) директно составува скоро 8% (или 791 милиони евра) во БДП, нето извезува од 112 милиони евра и плаќа 36 милиони евра во нето придонеси кон буџетот. Но, оваа гранка одзема 92 милиони евра годишно во субвенции од даноците кои сите ги плаќаме. Рударството вработува околу 6,500 луѓе (со просечна нето месечна плата од 486 евра или 68% повеќе од земјоделството), директно составува 1,5% (или 152 милиони евра) во БДП, нето извезува 135 милиони евра метали и плаќа 44 милиони евра во нето придонеси кон буџетот. Оваа гранка функционира без субвенции. Ако го погледнеме директниот ефект по вработен во БДП, земјоделството придонесува околу 6.600 евра годишно по земјоделец, а рударството е три-и-пол-кратно попродуктивно, односно околу 23.100 евра по човек. Кога зборуваме за индиректните економски ефекти, номиналните вредности се многу блиски, земјоделството создава 633 милиони евра дополнително а рударството создава 609 милиони евра. Како коефициент рударството има далеку повисок импакт врз економијата бидејќи секое 1 евро активност генерира вкупно 5 – а во споредба земјоделството генерира 1.8.

Со само 0,2% реален раст на БДП во Македонија во 2017, овие две гранки на економијата се значајни и ниту една не смее да биде неодговорно третирана или работена. Бидејќи, таква неодговорност може да предизвика рецесија. Сега земајќи го во предвид горенаведеното, предизвикот за владината политика е да се оттргне од минатото и да се придвижи кон идинината. Од гранки со ниска додадена вредност како егзистенцијално земјоделство кон гранки со повисока додадена вредност, на одговорен начин. (Целата анализа прочитајте ја овде)

 

Слични Објави