ЗАЕВ ПОСЛЕДЕН ПАТ КОНТАКТИРАЛ СО ГРУЕВСКИ ПРЕД НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ МИНАТАТА ГОДИНА
„Откога сум премиер, една и пол година, со Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во Парламнтот, кога разговаравме да одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции“- со оваа изјава премиерот Зоран Заев ја демантира информацијата објавена од Алсат М дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред бегството на поранешниот премиер.

