|

МУЦУНСКИ: НЕ Е НАШЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ШТО ПРАВИ БУГАРСКАТА СТРАНА, НИЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24  изјави дека владата на СДСМ и дозволува на Бугарија да се постави во позиција да најавува блокада за Македонија.

„Не е наше да зборуваме што прави бугарската страна. Ние треба да ги заштитиме нашите национални интереси. Јас жалам што ние имаме една влада која во последните 3 години создаде пракса на надворешно политичко однесување кое што по мене сега и дозволува на бугарската страна да се постави вака во овие состојби, така да проблем е што мислам дека  нема план и стратегија како да пристапи кон ова прашање, нема желба за консензус и тоа што ќе се бара повторно како што се случи тоа со Грција консензус по секоја цена на штета на националните интереси. Тука е проблематичниот однос, истакна Муцунски.

Слични Објави