| |

АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГО „ЧЕШЛА“ И СТАНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА МЕПСО, САШО ВАСИЛЕВСКИ

Државната комисија за спречување на корупција ќе ја проверува имотната состојба на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, откако во медиумите излегоа информации дека додека бил директор, Василевски купил стан во Скопје од над 100 квадратни метри, јавува Фокус.

Оваа информација беше објавена во медиумите паралелно со отворање на предметот „Рекет“, а притоа беше напоменато на блискоста на Василевски со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.



Слични Објави