Туск со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш Ве повикам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Ја подржувам вашата земја како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, ве поддржувам денес и ќе продолжам да ве поддржувам и во иднина. Ги заслужувате највисоките стандарди, почит и ефикасна држава, вели Доналд Туск, претседател на ЕПП, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На локалните избори, партијата е претставена од брилијантен млад тим полн со енергија. Се работи за нови луѓе во светот на политиката кои се истовремено чесни и компетентни. Се работи секако за Ваш избор, но како Ваш пријател кој секогаш ги поддржува Македонците во нивните напори за подобра иднина сакам да ви кажам дека доколку јас гласав со Вас на овие избори, без задршка ќе го одберев ВМРО-ДПМНЕ. Секако одлуката е ваша. Вашата иднина е во ваши раце.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Двајца странски државјани фатени со речиси еден милион фалсификат евра на скопскиот аеродром

Следна статија

Уапсен жител на Липково, сакал илегално да ја премине границата, а е баран за издржување казна затвор

Најново од Вести