Уапсен жител на Липково, сакал илегално да ја премине границата, а е баран за издржување казна затвор

/

Вчера во 21.00 часот во близина на граничната линија со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Белановце го лишиле од слобода А.С.(33) од с.Гошинце, општина Липково, кој управувал патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, затоа што се обидел илегално да ја премине државната граница.

По извршената проверка било констатирано дека А.С. се бара по наредба од Основен Суд Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело „нелојална конкуренција во работи на надворешно-трговскиот промет“, казниво по член 284 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.



Извор: Темите

Претходна статија

Туск со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Следна статија

Лични карти може да се подигнат и в сабота и в недела

Најново од Вести