Европска комисија: Бугарските пасоши за македонските граѓани не се проблем

//

МИА побара одговор од Европската Комисија откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија.

Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.

-Натурализациите за кои прашување не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.



Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Лични карти може да се подигнат и в сабота и в недела

Следна статија

Цената на струјата до Нова Година нема да се менува, а потоа…

Најново од Вести