ПРИТВОР ЗА КУМАНОВЕЦ ФАТЕН СО 15,77 ГРАМА МАРИХУАНА
Кумановското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 23-годишен кумановец поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот од јануари до август 2020 година, заради продажба, држел марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани при претрес кај осомниченот, како и во неговото возило, биле пронајдени пакувања со марихуана, сите во вкупна маса од 15,77 грама.
Обвинителството до Основниот суд во Куманово поднесе предлог на осомничениот да му биде изречен притвор во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на Обвинителството, судот на осомниченото лице му е определил притвор во траење од 30 дена.