POLITICO: ГОЛЕМИОТ ЕВРОПСКИ НЕРЕД НА ЕУ
Во статија насловена „Големиот европски неред на ЕУ“ европското издание на „POLITICO“ го коментира одложувањето на стартот на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија, а исто така и можните последици од тоа одложување. Пред една година ЕУ објави дека двете балкански земји можат да добијат „зелено светло“, ако ги направат вистинските чекори. ЕК од своја страна објави дека Македонија и Албанија го направиле тоа, но ниту една од двете земји нема да добие „зелено светло“ највеќе заради Франција и Германија. Власта во Париз е скептична во однос на проширувањето, а германскиот парламент се уште не донел став околу тоа прашање.
Според некои од останатите земји членки на Унијата ваквото однесување кон Македонија и Албанија ќе ја стави под знак прашалник довербата во организацијата и ќе ги ослаби проевропските влади во двете земји.
Противниците на почнувањето на преговори со Скопје и Тирана ги истакнуваат огромните проблеми на земјите од Западен Балкан со корупцијата, организираниот криминал, сиромаштијата и полната со конфликти историја.
Некои дипломати од своја страна претпоставуваат дека Македонија може да добие „зелено светло“, додека за Албанија таа перспектива останува нејасна.
(Целиот текст прочитајте го на actualno.com)