ЌЕ ДОЈДЕ ЛИ БУГАРСКИОТ КРАН ШТО ТРЕБАШЕ ДА ГО ДИСЛОЦИРА ВОЈНОТ НА КОЊ ЗА ГОЦЕ?

//

По синоќешната информација дека функционери во Владата побарале од нив, но и од други фирми во Македонија дигалки- кранови и пропратна градежна оператива кои треба во што е можно пократок рок да извршат дислокација на споменикот на Александар Македонски од плоштадот во Скопје, доцна синоќа тежок кран со бугарски регистарски ознаки пристигна во Скопје

Истиот во текот на ноќта беше паркиран во паркингот на противпожарната бригада во скопската населба Автокоманда, за утринава да биде релоциран.

Сеуште нема официјална информација од властите дали бугарскиот кран кој доцна синоќа пристигна во Скопје е наменет за отстранување на споменикот на Александар Македонски во Скопје, или пак е со друга намена.

Овој текст со наслов: „(Видео)ПРИСТИГНА КРАНОТ ОД БУГАРИЈА: Доцна синоќа пристигна кран со бугарски таблици, утринава релоциран“, беше објавен на 21 март 2018 г. на порталот Инфомакс .



„Трибуна“ прашува, дали истиот кран или пак некој од друга држава например Грција нема да се појави повторно за да го дислоцира споменикот на Гоце Делчев пред Камен мост?

Сепак да не забораваме дека Делчев е од Кукуш, град што денеска се наоѓа на територијата на нашиот јужен сосед.



Претходна статија

POLITICO: ГОЛЕМИОТ ЕВРОПСКИ НЕРЕД НА ЕУ

Следна статија

Љ. ГЕОРГИЕВСКИ: ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОД ТИПОТ НА ЈОЦИ, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРЕД ДА СТАНЕ БУГАРСКИ УЧИТЕЛ ЗАВРШИЛ ЗА БУГАРСКИ ОФИЦЕР

Најново од Вести