Време е да ДКСК се позабави со про-српската пропаганда во Македонија

//

Fаcebook статус на Арсим Зеколи

Кампањата на српскиот македонофонски печат во Скопје продолжува со стратегијата “претпладне удри по бугарите, попладне удри по албанците”. Секојдневните им триумфи во виртуалниот свет и и здравиците по 2-3 кафеани каде се збираат бардовите и перата на српската пропаганда некако не се вклопува со рамндоушноста на општеството заситено од “јавноста” и нејзините провидни егзибиции. Отрпнатите на сите збеснатости веќе не се обидуваат да во тие лудила го пронајдат системот. Ова сепак не се ниту 90тите, ниту 90тите, времето кога таквите лудачки новотарии паѓаа на плодно тло на љубопитната публика. Ова се сепак некои други времиња во кои лудоста е заменета со глупоста а системот е заменет со тарабука-новинарство.

Низ тоа тарабука-новинарство се провејува една единствена нота во однос кон Бугарија. Големиот пресврт кој се случи на почеток на оваа година беше во напуштањето на соц-реалистичкиот, маркистички, кафеански, јарански концепт на договори помеѓу народите (или во случајот Заев-Борисов, ја тебе пари, ти мене комерцијала) и префрлањето на стариот, проверен, современ, мешународно познат и докажано ефективен концепт на договор помешу државите. Таа промена предизвика и длабочински силна и површно прикриена линија на поделба помеѓу белградската про-народњачка линија и современата државничка школа на разрешници на споровите. Грчевитото држење на овдешните експоненти на народњачкото се животно зависни од спасување на она што може да се спаси од таа школа на спорови кои егзистираат за волја на спорот. Инсистирањето да спорот се одржи по линија на спор помеѓу народите (во случајот бугарскиот и македонскиот директно и српскиот посредно) е од животно значење за дел од про-српските фракции во ВМРО-ДПМНЕ; за Левица, за отпадниците од СДСМ (Максим Димитровски) и медиумската камарила поврзана со Белград. Клучната премиса на таа народњачка групировка е да под плаштот на грижата за македонскиот идентитет, историја, јазик се одржи во живот стратегијата на Србија за неодржливоста на новите држави родени во регионот по крахот на СФРЈ и мисијата на Србија како гарант на стабилноста во регионот. Под-нотата на таа мисија е инсистирањето да пред меѓународната заедница се негира, подрива, саботира било која мисла, обид или стратегија да како гарантори на регионалната стабилност се вклучат и Бугарија и Албанија. Но последните писма на Бајден до Тирана, како и изјавите на високи воено-дипломатски претставници од САД за улогата на Бугарија потврдуваат дека таа замисла, таа желба на Србија е одамна ставена ад акта. И ќе продолжи се до нејзиното прифаќање за членство во НАТО како ексклузивен, мултилатерален, демократски гарантора на транс-атлантската и балканската стабилност.

Про-српскиот македонофонски печат е сосема свесен за таа болна димензија на нивните наредбодавачи и се обидува да нештата ги сврти наопаку. Засилената албанофобска хистерија цели да се подрие довербата во капацитетите на албанците да бидат гарантори на стабилноста, додека пак засилената бугарофобна хистерија цели да се храни анти-западната струја во македонското ткиво. Израз на таа смислена кампања се нарачаните “анкети” според кои “Македонците и Албанците се согласни во едно: против помаѓање на Украина” и ревноста на истите македонофонски медиуми да секоја про-Руски протест во Софија добие широка покриеност, а притоа целосно се игнорираат вестите за про-Руските дејанија на службена Србија и нејзиното општество. Во тој однос, најмалата грижа е за македонскиот идентитет или историја, карши клучниот интерес – сочувување на српскиот наратив во општествениот дискурс.

Хистеријата ретко успева да ја сврти проектираната траекторија од веќе поставените шини. Така е и во случајот со Македонија и пристапот кон разрешницата на спорот според концептот на преговори помеѓу државите. Од тој аспект, има една чудно недоволно анализирана димензија, која е секако добро позната за Белград, но не и за нивните овдешни глаголиви кербери. Таа димензија е на два пати (своевиден куриозитет) чин на Стратешко Партнертво помеѓу САД и Македонија, акт кој ги надминува дипломатските и навлегува во далеку подлабоки, поделикатни димензии на односите, особено во безбедноста и разузнавањето. Такво Стратешко Партнерство САД има и со Бугарија, Албанија и Грција. Што се однесува на Србија, “таква можност се дискутира за во иднина”, според Крис Хил. Треба ли да се нагласи дека сегашната стратегија да преку одреден број македонофонски медиуми контролирани од Белград подргеваат и поттикнуваат непрријателство кон Бугарија и Албанија (стратешки партнери на САД) секако не иде во прилог кон било какво скорешно склучување на таков договор.

Тој аспект е посебно индикативен во поглед на тековните умилкувања на про-српскиот печат да ја здобие наклонетоста на новата Американска Амбасадорка, пред се со цел да индиректно, преку Кале добие ако не влијание, тогаш барем увид во случувањата околу спорот, односите во Скопје и односите со Софија и Тирана. Не е голема тајна дека уште од 2016 година се воспостави своевидно ембарго на соработка со про-српскиот печат во Скопје од страна на добар дел од западните амбасади. Сепак, најбитната компонента на тоа умилкување е желбата да се подрие државната стратегија во односот кон соседите и се наметне народњачката манипулација за одржување на спорови за волја на споровите, согласно интересите на Белград. И тоа не носи кон следната, внатрешно-политичка улога на про-српскиот печат во Македонија. Компромитацијата на борбата против корупцијата нагласена во американската стратегија кон Балканот.

Доколку се следи внимателно пристапот на про-српските медиуми кон корупцијата, сосема лесно ќе се увиди нагласеното форсирање на корупцијските скандали поврзани не со Албанците и албанското општеството, туку со прецизно идентификувани сегменти на Албанците и албанското општество кое нема соработка со српските кругови. Посебен пример за тоа е Арачиново, кое секако и несомнено има проблем со безвластието и организираниот криминал. Но клучната употребна вредност на Арачиново како легло на криминалот не е во сатанизацијата на Албанците, туку е во користењето на тоа село за дефокус од клучното легло во кое се испреплетени српските и руските агентури, српскиот организиран криминал и анти-бугарските движења. А тоа е Куманово, своевидната македонска реплика на Митровица во Македонија, со се “патриотската пљачка” под палка на Оливер Спасовски и Максим Димитријевски.

Неодамнешната кампања на сатанизација на Димитар Ковачевски како “дезертер и предавник” беше типичен пример на нарачана специјална психолошка операција за дисциплинирање на непослушниот кумановец излезен од контролата и ставен под заштита на САД. Не е голема тајна дека како во СДСМ, особено во ВМРО и на крај од Куманово има и други истакнати ликови кои избегнувале служење во војната во 2001 година, и таквата селективност доплонително ја отсликува разузнавачката димензија во позадина на атаката врз Ковачевски водена од про-српските медиуми во Скопје.

Таквите специални операции се колку деликатни, толку и скапи. И тоа го отвара прашањето за начинот на нивно финансирање. А посредно, ја става на тапет и улогата на Државната Комисија за спречување на корупцијата и улогата на првото лице Билјана Ивановска. Интересно и крајно индикативно е што во нејзината работа ДКСК и Ивановска се имаат фокусирано врз политички субјекти поврзани со корупција, но со чудно заокружување на улогата на медиумите во корупцијата. Чудно, при толку многу меѓународни и домашни аларми за надворешни обиди за ширење на анти-западна пропаганда. А во нашиот случај потврдена со жестока анти-Албанска и анти-Бугарска (посредно анти-Западна, како земји членки на НАТО) и речиси непостоечка критична обсервација кон Србија и релативизација на Русија. ДКСК и Ивановска очигледно имаат поинакви приоритети. Проблемот е што таквиот пристап само ја истакнува празнината во нивното делување и тековните истраги против субјектите осомничени за корупција ги сведува на ништо повеќе од институционално јадење бурек.

Српската пропаганда спроведувана преку определени македонофонски медиуми со нагласена бугарофобичност и албанофобичност е се несмален интензитет. Се до постигнувањето на посакуваната цел и зададена задача за саботирање на државниот концепт во односите со соседите и наметнувањето на “од Македонија не бива држава” стратегија за релативизација на само-одржливоста на државноста. ДКСК е пред задача: или паралелно и недискриминаторски ќе превземе увид во финансовите магли на про-српската пропаганда низ македонофонските медиуми или со нечинење ќе стане дел од анти-западната стратегија за минирање на државата.

Претходна статија

Последниот атентатор (8)

Следна статија

Белградска „Политика“ со препораки ја опиша антибугарската и антиевропска политика на РСМ

Најново од Ваш став