Бислимоски: Блок тарифите даваат резултат, домаќинствата ја намалиле за 16,32% потрошувачката на струја

/

Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

„Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“ изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh



Претходна статија

Чадиковски избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија

Следна статија

Белградска „Политика“ со препораки ја опиша антибугарската и антиевропска политика на РСМ

Најново од Вести