МЕРКЕЛ ЈА ПОДДРЖА ЗАКАНАТА ЕУ ДА ГО БЛОКИРА ИЗВОЗОТ НА ВАКЦИНИ НА АСТРА ЗЕНЕКА ОД УНИЈАТА
Германската канцеларка Ангела Меркел кажа рано утринава дека ја поддржува заканата на Европската комисија за блокада на извозот на вакцината на Астра Зенека доколку Унијата не ги добие предвидените испораки.
„Го имаме добро познатиот проблем со Астра Зенека“, кажа канцеларката на конференција за новинарите по повеќечасовниот разговор со гувернерите на германските сојузни држави и додаде дека го „поддржува притисокот“ кој врз британската фармацевтска компанија го врши претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен неодамна се закани дека ќе го забрани извозот на вакцината на Астра Зенека од Унијата доколку компанијата не ги испорача договорените количества од својот серум на Унијата, каде поради успорените испораки доцни и кампањата за вакцинација.