|

Петков: Нема да правиме ништо под притисок поврзано со РСМ

Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија, пренесува Сител.

– Ништо нема да правиме под притисок, изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град.

Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барањa и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантирани преку европскиот процес.

– Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков.



Слични Објави