(ВИДЕО) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА
Гувернерот на американската сојузна држава, Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба откако големите пожари принудија на евакуација повеќе од 200.000 лица.
Њусом изјави дека во борбите со огнот се користат сите расположливи ресурси, додавајќи дека силниот ветер многу ја отежнува работата на противпожарните екипи. Поради чадот од пожарите сообраќајот на мостот во Сан Франциско неколку часови бил во прекин.
