ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ КОГА ЗБОРУВА ЗА ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛИ ВЕРОЈАТНО МИСЛИ НА ИЗРЕКЕТИРАНИТЕ ПАРИ КОИ ЗАВРШИЛЕ КАЈ ЗАЕВИ

//

„СДСМ кога зборува за финансиски скандали веројатно мисли на милионскиот скандал Рекет, каде што првоосудениот призна дека изрекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Или можеби СДСМ под финансиски скандали мисли на снопчињата со пари кои Ден Дончев ги ставаше во торба, за кое патем уште нема никаква разврска во Обвинителството иако од скандалот помина една година.

 Или можеби за финансиски скандал го сметаат набавката на софтверот од страна на Рашковски, кој бил набавуван од фирма основана веднаш после изборот на Заев за премиер.



Или веројатно под финансиски скандал се мисли на фантомската фирма од Хонг Конг преку која власта на Заев сакаше да набавува кинески вакцини по цени повисоки од набавните и уште десетина милионски скандали поврзани со нивни функционери.

СДСМ залудно се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствените криминали, скандали , но и од сопствената неодговорност и неспособност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

СЗО: ЧЕТВРТА НЕДЕЛА ПО РЕД РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗНИ СО КОВИД ВО СВЕТОТ

Следна статија

ОСМАНИ: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ СЕРИОЗНА ГЕОСТРАТЕШКА ГРЕШКА

Најново од Вести