ОСМАНИ: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ СЕРИОЗНА ГЕОСТРАТЕШКА ГРЕШКА

//

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив изјави дека земјата станала лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.

„Одложувањето на почетокот на преговорите, кои ја засегаат и Албанија, би било сериозна геостратешка грешка бидејќи ќе има последици за целиот балкански регион“, вели Османи.

Тој воедно смета дека по парламентарните избори во Бугарија во април ќе се отвори патот за порационален пристап што ќе овозможи решавање на билатералните разлики. Османи посочува и дека сите земји-членки на ЕУ, со исклучок на Бугарија, го поддржуваат текстот предложен од Европската комисија за рамката за преговори со која формално ќе се воспостави пристапниот дијалог.



„Важно е текстот на преоговарачката рамка да биде усвоен што е можно побрзо, и се надеваме дека тоа ќе се случи на Европскиот совет закажан за јуни“, порачува Османи.

Бугарија лани во декември стави вето на преговарачката рамка на Македонија и ЕУ, повикувајќи се на тоа дека Скопје не го исполнува Договорот за добрососедство.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ КОГА ЗБОРУВА ЗА ФИНАНСИСКИ СКАНДАЛИ ВЕРОЈАТНО МИСЛИ НА ИЗРЕКЕТИРАНИТЕ ПАРИ КОИ ЗАВРШИЛЕ КАЈ ЗАЕВИ

Следна статија

ЗАСЕГА НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВИ РЕСТРИКЦИИ, В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА СОСТОЈБАТА

Најново од Вести