НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: СЕ ТЕПААТ ДЕЦА ВО ПОПРАВНИ ДОМОВИ, ОСУДЕНИТЕ НЕМАAТ СТОМАТОЛОГ

/

Народниот правобранител при посета на неколку казнено поправни установи во земјава констатирал употреба на физичка сила врз малолетни лица кои се држат во поправните установи. Заменичката Народен правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа на денешната собраниска расправа на надзорната комисија рече дека како последица на лошите услови и третман, децата од поправните установи наместо да се рехабилитират завршуваат понатаму во затвори.

“Децата биле удирани со шамари и гумени палки. Некој тврди дека бил и врзан со лисици. Во разговор со еден малолетник при наша посета, се пожали дека бил удиран со гумена палка. По контрола и анализа било потврдена дека повредата е од тој удар”, изјави Бајрамовска Мустафа. Повеќе на www.civilmedia.mk





Претходна статија

САКАТЕ ЛИ ДА СИ КУПИТЕ КУЌА ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА САМО 55 ДЕНАРИ?

Следна статија

ЛАЈМ ЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈАТА И МУ СЕ ОБРАТИ НА АЛИ АХМЕТИ

Најново од Вести