СДСМ: ШТО КРИЕ ИВАНОВ? ОДБИВАЊЕТО НА АЛАТКАТА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ Е СПРОТИВНО НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

//

Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата.

Последен доказ за тоа е неговото одбивање на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

По ваквиот потег, логично се наметнува прашањето што Иванов крие од граѓаните?

Граѓаните заслужуваат да имаат увид во трошењето на нивните пари од страна на избрани и именувани функционери.



Во таа насока, Владата предводена од СДСМ и преку Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење и преку други механизми продолжува со спроведување на заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари.



Претходна статија

„НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО“ – КАМПАЊА ЗА МОБИЛИЗИРАЊЕ ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА

Следна статија

НОНКОВИЌ ОД БРИСЕЛ ГО СОВЕТУВА ИВАНОВ ДА СЕ „ПОТПРЕ“ НА РУСИЈА И КИНА ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЗМОТ

Најново од Вести