„НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО“ – КАМПАЊА ЗА МОБИЛИЗИРАЊЕ ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА
Во вторник, на 26 јуни 2018 година со почеток во 15 ч., на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“, Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ ќе приредат настан под наслов „На секое дете му треба семејство“.
Целта на настанот е јавноста да се запознае со процесот на деинституционализација со мобилизирање на згрижувачки семејства.
На присутните ќе им се обратат градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, претставникот од УНИЦЕФ, Бенџамнин Перкс, а презентација на темата ќе има директорката на Центарот за социјални работи, Соња Андоновска. Како активни згрижувачи, свое лично искуство ќе споделат Ленче Амедова и Ацко Незировски.

