Бугарија категорично го осудува инцидентот во Галац предизвикан од руски вооружен дрон
Бугарија категорично го осудува инцидентот што се случи рано утрово во Галац, Романија, предизвикан од руски вооружен дрон. Овој став го изразија од Министерството за надворешни работи (МНР) на социјалната мрежа „Икс“, пренесува БГНЕС.
„Ваквите неодговорни активности, кои ја загрозуваат европската безбедност, се недозволиви. Бугарија ја изразува својата целосна солидарност со Романија“, пишуваат уште од бугарското Министерство за надворешни работи.
БГНЕС потсетува дека две лица се повредени откако руски дрон погодил станбена зграда во романскиот град Галац. Беспилотното летало навлегло во романскиот воздушен простор и погодило 10-катен станбен блок со близу 70 лица внатре.
