| |

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 102 Г. УМИРА РАЈНА ПОПГЕОРГИЕВА ФУТЕКОВА-РАЈНА КНЕГИЊА

На денешен ден пред 102 години умира позната бугарска револуционерка и учителка опеана и во македонскиот народен мелос- Рајна Попгеоргиева Футекова- Рајна Кнегиња.

Рајна Кнегиња е родена на 6 јануари 1856 г. во Панаѓуриште. Учи во родниот град, а подоцна и во Педагошкото училиште за девојки на А. Тошева во Стара Загора. Во 1874 г. станува учителка во својот роден град Панаѓуриште.

За време на Априлското востание го носи ушиеното од неа знаме, поради таа причина е наречена Кнегиња. По задушувањето на востанието е уапсена и испратена во затворот во гр. Пловдив. Ослободена е откако голем број европски конзули го побарале тоа од османлиските власти. По ослободувањето на Бугарија работи во сферата на образованието и медицината. Автор е на автобиографија насловена „Рајна Кнегиња“, која е издадена во 1935 г, речиси 18 г. после нејзината смрт.



Слични Објави