| |

Во експлозиите во Елин Пелин загинал еминентен бугарски научник

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Калин Стојанов утрово ја соопшти трагичната вест за смртта на 49-годишен маж по експлозиите во Елин Пелин. Тој вчера бил примен во „Пирогов“ со изгореници од 35 отсто. Лекарите во моментов се борат за животот на ќерката на починатиот, која има 85% изгореници и е во многу тешка состојба, јавува БГНЕС.

Академската заедница на Универзитетот за рударство и геологија „Св. Иван Рилски“ оддаде почит кон значајното дело на доц.д-р Петар Шишков.

Доц. Шишков е светски познат научник и консултант кој учествувал во голем број истражувачки тимови од областа на експлозивните материи и технологии. Работел на истражување и развој на нови експлозиви за работа во затворени простори и во отежнати услови, како и дизајнирање на специјална методологија за минирање“, велат од Универзитетот.

Академското раководство на Универзитетот за рударско-геологија „Св. Иван Рилски“ изразува сочувство до семејството на доц.д-р Петар Шишков!

Слични Објави