БОРИСОВ И КАРАКАЧАНОВ СО НАЈВИСОК РЕЈТИНГ ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА

//

Бугарскиот премиер Бојко Борисов продолжува да е најодобрениот политички лидер во соседна Бугарија. Резултатите од изборите за Европски парламент продолжуваат да имаат ефект врз општествените состојби и во јули. Победата на ГЕРБ на последните европски избори е силен знак за поддршката на Борисов и неговата партија во Бугарија. 57 % од граѓаните сметаат дека оваа влада ќе го истера целиот мандат до крај.

Борисов продолжува да биде на првото место со 36 % рејтинг. Освен него, во првите петмина со симпатии кај народот се Красимир Каракачанов со 29 % Корнелиа Нинова со 24 % Веселин Марешки исто 24 % и Татјана Дончева 19 %. Најниски резултати покажуваат Христо Иванов, Румен Христов,  Румен Петков и Костадин Костадинов.

Иницијативата на ГЕРБ за намалување на државни пари во партиите на 1 лев според добиен глас на избори го одобруваат 69 % од граѓаните, а 14 % не го поддржуваат предлогот.



Извор: Поглед.мк

Претходна статија

ИНТЕРЕСНИ ФОТОГРАФИИ КОИ ГИ КРШАТ ЗАКОНИТЕ НА ФИЗИКАТА

Следна статија

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 102 Г. УМИРА РАЈНА ПОПГЕОРГИЕВА ФУТЕКОВА-РАЈНА КНЕГИЊА

Најново од Вести