| |

ФИЛИПЧЕ СЕ ПОФАЛИ СО 12 АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА

Набавката на возила за Итна медицинска помош заврши, до крајот на месецот е рокот за испорака и ги очекуваме 12-те нови возила што ќе бидат распределени на повеќе места низ државата, а најмногу во Скопје. Со одлука на владата ќе преземеме осум комбиња од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што биле наменети за некоја друга намена, но ќе може целосно да се пренаменат да бидат амбулантни возила и ќе се доопремат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче посочи дека со овој дополнителен број од осум возила ќе го надополнат целокупниот систем на Итна помош ширум државата. Со оваа бројка на 12 возила што ги набавуваме и овие дополнително осум возила, нагласи, сосема доволно ќе се надополни капацитетот на возила кои недостигаат.



Слични Објави