Република Северна Македонија меѓу петте најпосетувани земји од страна на бугарските граѓани во април годинава
Република Северна Македонија е меѓу петте најпосетувани земји од страна на бугарските граѓани во текот на месецот април 2026 г. Малку над 40 илјади патувања се реализирани од бугарски државјани во Република Северна Македонија. Според податоците речиси 29 илјади патувања реализирале граѓани на нашата земја во Бугарија во текот на истиот период годинава. Податоците се на Националниот статистички институт на Бугарија.
Патувањата на бугарски граѓани во странство во април 2026 година изнесуваат 822.4 илјади, или за 5.5% повеќе во споредба со април 2025 година. Во април 2026 година посетите на странски граѓани во Бугарија изнесуваат 786.5 илјади, или за 1.4% помалку во споредба со истиот месец од претходната година.
Најголем број патувања на бугарски граѓани се реализирани кон: Турција – 224.0 илјади, Грција – 162.7 илјади, Романија – 82.4 илјади, Србија – 55.6 илјади, Република Северна Македонија – 40.1 илјади, а најмногу посети во Бугарија реализирале граѓаните од: Турција – 182.5 илјади, Романија – 179.7 илјади, Грција – 134.1 илјади, Србија – 50.8 илјади, Германија – 29.7 илјади, Република Северна Македонија – 28.9 илјади.

