ПРВИОТ ЧОВЕК НА ГДУ ШТИП ПАЧЕМСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
„Дозволете ми, од мое лично име и од име на ГДУ – Штип, на сите припадници на ромската етничка заедница, да ви го честитам 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.
Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да изразам желба дека со заеднички сили и со цврста волја, рака за рака, рамо до рамо, ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот народ, за доброто на нашата држава, за европска, стабилна, просперитетна и напредна Република Македонија.
Во ова тешко време за сите, ви посакувам добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во вашите семејства.
Овие тешки денови ни го покажа тоа што голем дел од нас веќе го знаевме, дека сите сме едно и сите сме исто. Под едно сонце, под исто небо, под исто знаме со исти потреби, желби, солзи, радост и тага“, стои во честитката на претседателот на ГДУ-Штип, Борче Пачемски, по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.