УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА КОВИД-19: ПОЧИНАЛ МАЖ ОД КОЧАНИ

/

Едно лице од Кочани починало од коронавирус, потврди за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот, а општината е вклучена во помагање да се организира погребот.



„Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, изјавил Илијев за Слободен печат.

Претходна статија

ДИМИТРОВ ДО СИЈАРТО: ОВАА ПОСЕТА ЗБОРУВА МНОГУ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО И ПОСВЕТЕНОСТА

Следна статија

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАУЧИЈА ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН

Најново од Вести